54-годишен маж во алкохолизирана состојба ja тепал и давел сопругата– обвинение за семејно насилство во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба вршел телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува. Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под. Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото цело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот. Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција“, велат од Обвинителството.

Jавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај се уште постојат основите поради кои првично беше определена мерка притвор, па побара притворската мерка за обвинетиот да биде продолжена

Back to top button
Close