55 нови приватни автобуси построени од понеделник да возат? Се уште се со странски таблички, не се поминати на царина и чекаат лиценци.
САКАМДАКАЖАМ.МК го праша новиот градоначалник Ѓорѓиевски дали за вклучувањето на новите автобуси има распишано оглас, дали има одлука на Советот на Град Скопје и дали е потпишан договор со приватните превозници, како што била процедурата досега. Тој не даде конкретен одговор, туку кажа дека во изминатиот период на приватнивците не им биле потпишувани лиценците, што вели дека е причината зошто граѓаните мораа да чекаат со часови на постојките.
„За новите 55 автобуси се потпишани лиценците и тие се однесуваат за 55 нови автобуси. Сите останати автобуси за кои беше потпишан догоговор меѓу Градот и приватните превозници остануваат ,плус се додаваат нови 55. На овие лица некој со месеци не им ги потпишуваше лиценците и правеше опструкции. Дополнително ќе се среди и неплаќањето кон нив“, рече Ѓорѓиевски.
На нашето прашање зоште се автобусите што беа построени пред новиот градоначалник уште се со странски регистарски таблички, Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници одговори дека уште не се добиени лиценците за новите 55 автобуси.
„Автобусите уште се со странски регистарски таблички бидејќи тоа е процедура. Кога ќе се донесат возилата треба да поминат царина, па хомологација, тоа е процес кој треба да помине, а исто така и ќе се офарбаат во црвено-бела боја. Откако ќе се реши тоа се поднесува барање за лиценца до Град Скопје и така натаму“, објасни Зафировски.
Целиот текст на сдк.мк






