Наддавањето ја крена цената на државните станови – За 1.916 евра за квадрат се продадоа преостанатите во зградата на јужен булевар во скопје

Прoдадени се сите станови во зградата на Јужен булевар која ја гради Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, познато како ПУИГ.

На втората јавното наддавање цената рипна до 1.916 евра за метар квадратен, а почетната беше 1.450 евра. На првото наддавање кое се одржа пред 5 месеци цената за квадрат достигна до 1.672 евра за квадрат, пренесе СДК.

„На усното јавно надавање кое поради големиот интерес се одржа во два последователни дена, односно на 15 и 16 јули, беа продадени преостанатите 45 станбени единици во зградата на Јужен булевар. На овој начин завршена е продажбата на целиот станбен објект, откако на претходната лицитација, одржана пред 5 месеци беа купени 67 стана. Почетната цена по метар квадратен на која купувачите лицитираа изнесуваше 1.450 евра, а просечно постигнатата 1916 евра. Транспарентната и успешна постапка, и впечатливo големата заинтересираност на купувачите се уште една потврда на довербата кон АД за изградба и стопанисување кое останува препознатливо по високите стандарди на градба, квалитет и доследност“, велат од Акционерското друштво.

Државната зграда со приземје и 7 ката се гради на местото на некогашниот објект кој беше салон за мебел, а со години беше руиниран, затрупан со ѓубре, претворен во депонија и место за бездомници. Зградата ќе има 112 станови и два влеза, а маркичка е предвидена со Деталниот урбанистички план (ДУП) за овој дел од градот. Предвидениот рок за завршување на оваа комерцијална зграда согласно договорот со фирмата изведувач е 3 години.

Од Адиссдп за Либертас објаснија дека почетната црна на метар квадратен е истата, проценета и утврдена со одлука на влада и изнесува 1450 евра по метар квадратен, истон како и за претходната лицитација на која се продадоа две третини од истиот објект.

За разлика од тогаш овој пат купувачите во текот на лицитацијата лицитирале повисоко од претходниот пат што го кренало просекот на цена на оваа лицитација  на 1916 евра.

Back to top button
Close