6 годишно дете се удави во Пена, мајката се обидела да го спаси

Шест годишно детенце денеска трагично го загуби животот откако паднало во реката Пена. Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 14 часот преку Е-112 добиле пријава дека дете на возраст од 6 години во населба Красниќи во Тетово, паднало во надојдената вода на реката Пена.

Детето претходно си играло покрај брегот, а зад куќата каде живее.

– Неговата бремена мајка го забележала падот на детето и веднаш влегла во надојдената вода. По 50-тина метри, носена од брзата вода неколку мештани успеале да ја извлечат на брегот од реката, но за жал не и детето. Веднаш по дојавата, Центарот ги алармираше сите субјекти – екипите на Територијалните противпожарни единици, екипите на СВР Тетово, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брза интервенција ЕБР и тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кои со помош на чамци ја пребараа целата област. За жал и покрај брзата интервенција, телото на детето е извадено од реката во безживотна состојба, посочуваат од ЦУК.

Back to top button
Close