60 години антибеби пилула: „Чудесното средство“ станува лајфстајл производ

Беше примана со аплауз и со клетви: пилулата ја ослободи сексуалноста, им даде на жените повеќе право на самоопределување и откако се воведе – го подели општеството. Сега полека губи на значење.

    

Толку е мала, а толку огромно беше нејзиното дејство – во секој поглед. Кога првата антибеби пилула излезе на американскиот пазар на 18.август 1960 година, беше сензација – прва форма на хормонална контрацепција. Една година подоцна „пилулата” можеше да се набави и во Западна Германија, четири години подоцна и во поранешна Источна Германија. Фармацевтската индустрија на почеток ја продаваше како пилула против менструални тегоби. Се препишуваше само на жени во брак. Дури на крајот од ливчето со упатствата за користење можеше да се прочита нејзиното најважно својство, испечатено со ситни букви и речиси скриено: дека штити од несакана бременост.

Die erste Antibabypille (AP)Ановлар – првата антибеби пулула на германскиот пазар се појави на 1 јуни 1961 година

Друга „нуспојава” на апчето беше надвор од сите медицински ефекти: нејзината експлозивна содржина за општеството. Новиот начин на контрацепција за првпат долгорочно ги одвои сексуални односи од репродукцијата. Секс за забава наместо за правење деца – пилулата тоа го овозможуваше на многу полесен и побезбеден начин од сите дотогашни помошни средства. На жените им даде нова моќ за носење одлуки за своето тело, можност индивидуално да си ја живеат сексуалноста и револуционерно им го смени животот.

Во тоа време стравот од несакана бременост го диктирал сексуалниот живот, се потсетува публицистката и активистка за женски права Алис Шварцер во интервју за Втората германска телевизија.

Deutschland Alice Schwarzer (DW/M. Dronne)Алис Шварцер

Секоја одговорна жена била раководена од тоа. „Се знаеше дека не би можела да абортира, се слушаа приказни за маси во кујни и жени што искрвавеле до смрт”. Освен поради моралните задршки, абортусите не се случувале и од страв. „И, кога се појави антибеби пилулата во шеесеттите години бев млада жена, во своите диви години и тоа беше ослободување без ограничувања. Беше нешто фантастично. Сите ние мислам дека со радост посегнавме по неа. Чудесно средство.”

Лекарите предупредуваат, папата забранува

Дотогаш т.н. „Тројка” ја одредуваше социјалната улога на жената: деца, кујна и црква. Женски живот по сопствена определба во поствоена конзервативна Германија бил незамислив. Се создаде страшен отпор. Дури и лекарите се приклучија. Историчарот Роберт Јите се потсетува во разговор со ДВ на „Манифестот од Улм” од 1964 година, во кој околу 200 доктори предупредуваат дека „би имало страшни последици ако љубовта остане без плод”.

Поранешниот шеф на Институтот за историја на медицината на фондацијата „Роберт Бош“ нагласува дека „имало широк општествен авторитарен консензус контрацепцијата да се држи во рамки”.

Силен отпор против пилулата имало и од црквата. На 25 јули 1968 тогашниот папа Павле VI ја осудил контролата на зачнувањето со помош на средства за вештачка контрацепција. Тие, според него, го поттикнувале вонбрачниот секс и придонесувале за „општо разводнување на моралниот кодекс”. За католичките верници тоа практично значело забрана за употреба.

„Make love not war“

Но, тоа не било во духот на времето. Стариот општествен поредок веќе се ронел. Растечката благосостојба ја поттикнувала желбата за сопствено остварување и индивидуална слобода. Сексуалната револуција ги раздвижила цврстите конвенционални убедувања.

Мотото на хипиците за слободна љубов „make love not war” („водете љубов, не војни”) беше дел од причините за западното будење на студентите и младинците во ‘68. Позната стана и изреката на студентскиот револт: „Кој двапати спие со иста жена, веќе е дел од естаблишментот”. Историчарот Јите сепак не сака да ја пренагласува улогата на пилулата: таа не била причина за таквиот развој, туку „повеќе катализатор“.

Сексуалното ослободување создаде и нови притисоци. „Претходно се очекуваше девојките и жените да се венчаат, а сега? Со пилулата листот се сврте и мораа да бидат достапни”, се потсетува феминистката Алис Шварцер. Ако некое девојче не ја земало, се велело дека „е глупава и со таква некоја не се ни танцувало. Сега се очекуваше постојана сексуална расположливост и последиците за тоа не ги сносеа мажите.”

Желба за хормонална контрацепција

Во Германија антибеби пилулата одамна е најкористено и најсигурно средство за контрацепција. Таа мора да биде препишана од лекар. Но, затоа пак трошоците ги презема осигурувањето, за млади девојки до 22-годишна возраст. Но, контрацепцијата финансиски не е недостапна и за постари жени: за шестмесеsteckerчно пакување тие плаќаат помалку од 30 евра.

Но, во меѓувреме сепак се забележува и одредена заситеност од пилулата. Сѐ повеќе млади жени одбиваат да интервенираат во природните хормонални текови. Гинекологот Габриеле Штекер веќе пет-шест години наназад забележува „растечка желба на младите жени да имаат контрацепција без хормони и да се ослободат од пилулата”.

Symbolbild Geschlechtsverkehr Sex Paar (Colourbox)Се’ повеќе млади жени покажуваат одредена заситеност од пилулата

Таа работи за ПроФамилија, водечкото здружение за сексуалност и партнерски односи во Германија. Пилулата била добро средство, но со несакани ефекти.

Затоа Штекер критички се поставува спрема фармацевтската индустрија која препаратот го продава како лајфстајл и производ за убавина. Пилулата те правела слаба, понекогаш се вели во рекламите, или пак дека ја разубавува кожата. За опасностите како појава на тромбоза ретко се зборува.

Ако се гледаат рекламите може речиси да се добие впечаток дека „пилулата е производ за убавина без ризици”, забележува стручното лице од ПроФамилија. „Јасно е дека жените кои имаат компликации или нуспојави потоа никој не ги сфаќа сериозно”.

На четврто место во светот

Констатациите на Штекер се потврдени и во една студија на Сојузниот центар за здравствено образование (БЗгА), во која се анализира однесувањето на возрасните во 2018: антибеби пилули и кондоми сѐ уште се најважните контрацептивни средства со 47 односно 46 проценти. Во споредба со претходни студии од 2011 година, за 6% е намалена употребата на пилули, додека за 9% е зголемено користење на кондоми. Ова веројатно е поради заштита од ХИВ и други полово преносни болести.

Слично како и во Германија, и во останатите земји од Европа пилулите се многу популарни. На глобално ниво, според статистиките на Обединетите нации, сепак стерилизација на жените е најмногу употребуван метод на контрацепција – иако овој зафат кај мажите медицински е многу поедноставен. Минатата година 23,7% (219 милиони) жени во светот се стерилизирале. На второ место е кондомот (189 милиони) пред спиралата (159 милиони). Пилулите се дури на 4 место (151 милиони).

Infografik - Die häufigsten Verhütungsmethoden weltweit - ENСпоред статистиките на Обединетите нации, стерилизација на жените е најмногу употребуван метод на контрацепција

Стерилизацијата е попопуларна во сиромашните земји

Во сиромашните и земјите во развој, посебно на јужната хемисфера, често снабдувањето со антибиотици поради инфраструктурни или финансиски проблеми е тешко. Затоа речиси не е изненадување дека антибеби пилулата, која треба да се зема секојдневно, не беше успешно прифатена. Историчарот по медицина Јите објаснува дека недостатокот на широко распространета употреба на пилулите е поврзан и со подредената позиција на жената во тие земји. „Не може да се заборават државните репресии во исламистичките земји, кои во основа се против контрацепција. Тое е комбинација од општествени, економски и политички фактори.“

Indien Frauen Massensterilisation 13.11.2014 (Reuters/M. Mukherjee)Жени во Индија чекаат на стерилизација

Јите посочува дека само во земјите со најнизок БДП  „најмалку 28% од жените не земаат никакви контрацептивни средства.“ Во овие земји, поради медицинските услови „долгорочна контрацепција, како стерилизација на жените или спирала, игра поголема улога од пилулите.“

извор: ДВ

Back to top button
Close