60-годишен Швајцарец е тешко повреден во Катланово откако бил нападнат од непознато лице
60-годишен Швајцарец е тешко повреден во Катланово откако бил нападнат од непознато лице.
– На 05.06.2025 година во 19.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен М.Б.(60) од Швајцарија. По извршен службен разговор со неговата сопруга е констатирано дека околу 17.00 часот на патот од село Катланово кон Катлановска Бања, М.Б. бил физички нападнат од едно лице кое било со патничко возило. Потоа оштетениот се обидел со неговиот мобилен телефон да ги фотографира регистарските таблици, по што лицето му го одзело мобилниот телефон и го напуштило местото на настанот, известија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот