„63 сенки ќе ги следат засекогаш“ – мајката на загинатиот Томас со болна порака пред новото рочиште за трагедијата во Кочани

Пред денешното продолжение на судскиот процес за „Пулс“, силна и емотивна реакција испрати Јулија Златкова, мајка на еден од загинатите, Томас Златков. Таа, очигледно потресена, пред новинарите зборуваше за болката која не згаснува и за огорченоста од ставот на обвинетите на претходните рочишта.

63 убиени деца, 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто тие се наоѓаат во судницата? Никој од нив немаше ни грам совест ни човечност да ја признае својата вина. Ни монструмот, ни син му, ни брат му, ни соучесници дали биле од прв од втор од трет ред, никој не покажа барем човечност, а сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за нашите убиени деца! 63 не е само бројка! 63 не е статистика! Тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш. Искрено се надевам дека овие деца и ние семејствата ќе ја добиеме правдата бидејќи овие деца заслужуваат правда,“ вели Јулија Златкова, мајка на Тома Златков.

Tрагедијата што однесе 63 животи и натаму остава длабоки рани, а родителите и блиските очекуваат дека судскиот процес конечно ќе донесе одговорност и правда објави Скопје1.мк

Back to top button
Close