МВР И БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ И НАПРАВИЈА  “МЕЧКИНА УСЛУГА” НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГОРДАНА СИЉАНОСКА – ДАВКОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во Охрид е домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во работна посета на земјава.

Албанскиот претседател, нешто пред 14 часот, беше пречекан во вилата „Билјана“ во Охрид, каде што имаше средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова.

Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот „Охридско лето“.

И сето тоа е во ред и за поздравување.

Не е за прв пат високо рангирани гости да доагаат во Охрид и да присуствуваат на свеченото отворање на “Охридско лето”.

За поздравување е гестот на Силјаноска Давкова што го поканила токму денес, Петровден, традиционален за отворање на нашиот најзначаен музичко – сценски фестивал.

Ние постарите ја паметиме годината и моментот кога на свечено отворање биле тројца претседатели.

Тогашниот на Македонија, Борис Трајковски, Стипе Месиќ на Хрватаска и тогашниот албански претседател.

Но, понекогаш и патеката до адот е поплочена со најдобри намери. А за тоа се погрижија МВР и безбедн иосните служби кои и направија “мечкина услуга” на Претседателкатата.

Или, што би рекол Велија Рамковски, и со делегациите се претера!

Што е премногу, премногу е!

Половина час, “Булевар Туристичка” и сите улици што гравитираат кон него, беа блокирани!!!

Завивањата на сирените од револтираните возачи, го надвикуваа татнежот на хеликоптерот!

Зошто сето ова сценарио!?

Зошто толку долго? Зарем не можеа да се искоординираат и сето тоа да помине за пет, или десет минути?

Може ли да се замисли ваква долга постапка во некој велеград, каде на секои десет минути слетуваат ВИП личности!?

Утре на Цацко ќе им е виновен, кога граѓаните ќе го истурат бесот на првото наредно изборно соочување!!!

Како, некои,  не сваќаат дека си работаат во корист на сопствена штета!?

Немаше никаква потреба за такви безбедносни мерки, а истото се случуваше и во Струга, а особено на влезот во Охрид, каде се создадоа километарски колони, а возачите мораа цел час да чекаат на жешкото сонце.

МВР, најверојатно, ја увиде грешката, со пост-фестум објаснувањето.

Се’ уште нема соопштение и од Кабинетот на Силјаноска, нема фотографии, како во досегашни прилики, од што може да се прочита дека и до нејзе стигнале реагирањата на граѓаните и гостите на Охрид.

Односно дека и самата таа не е пресреќна од начинот на кој беше пречекан во Струга и спроведен гостинот до вилата “Билјана”, во Охрид .

Веле Митаноски

Back to top button
Close