Почина легендарниот Халид Бешлиќ, остави многу музички хитови

 

По скоро двомесечна борба со тешка болест, во 72-година од животот почина легендарната музичка ѕвезда Халид Бешлиќ. Тој бил хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево кон крајот на август.

Роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.

Бешлиќ беше присутен на фолк сцената повеќе од 40 години со што остави силен печат со многу хитови, а неговите популарни песни се уште се слушаат во кафаните на овие простори. „Миљачка“, „Ја без тебе не могу да живим“, „Романија“, „Хеј зоро, не свани“, „Први пољубац“, „Нечу, нечу дијаманте“, „Севдах да се догоди“, „Врачам се мајци у Босну“ и уште многу други се дел од неговиот богат репертоар.

Познат по својот препознатлив глас, емоционална интерпретација и длабока поврзаност со публиката, Халид Бешлиќ беше омилен меѓу сите генерации.

Back to top button
Close