Мицкоски разоткрил агент на „најмоќната странска служба“?! Тој што „го следел“ му е раководство во партија,открива Пендаровски

t

На Мицкоски не му кажале дека тие соработници на тајните служби, кои ги цитираше со кодните имиња „Цилиндар“ и „Џокер“, едниот е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, вели во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски во врска со наводниот скандал за следење на Мицкоски како лидер на опозицијата.

 

– Не знам какво е тоа следење, да те следат дека дигаш тегови или да одиш на Водно со семејството, каков разузнавачки податок ќе добиеш од тоа? Не знам дали му кажале или не, ама едниот од тие што го спомна, а го следеле, е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а другиот соработник на најмоќната странска служба, објасни Пендаровски.

facebook

Back to top button
Close