(Видео) ВЛЕН во Кичево ќе го поддржи командантот на УЧК, Фатмир Дехари наместо кандидатот на коалициската ВМРО-ДПМНЕ

Биљал Касами со изјавата дека за Кичево ќе го подржат кандидатот на ДУИ а не кандидатот за градоначалник на коалициската ВМРО ДПМНЕ практично отстапува од договорот со премиерот Христијан Мицкоск и партијата ВМРО-ДПМНЕ која отворено нему во Тетово му даде поддршка уште во првиот круг на локалните избори во Тетово каде немаше свој кандидат.
Касами изјави директно и без ракавици во гостување за албанска телевизија дека ВЛЕН во вториот круг ќе го подджи ДУИ во Кичево и командантот на УЧК, Фатмир Дехари наместо кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Александар Јовановски.
ВЛЕН очекува поддршка од ДУИ во Брвеница и Долнени.