714 илјади граѓани се целосно вакцинирани

Заклучно со вчера вакцинирани се 781 623 граѓани, а ревакцинирани 714 135, односно аплицирани се вкупно 1 495 762 дози. Прва доза вакцина вчера примиле 1717 , а вкупно се вакцинирале 6897 граѓани, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.

Министерството потсетува дека за вакцинирање на пунктовите не е потребно закажан термин, а децата од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход, информира Министерството за здравство

 

Back to top button
Close