72-годишен жител на Кичево шест месеци силувал малолетничка
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 72-годишниот А.А. од Кичево поради сторено кривично дело силување на дете. Него, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Битола“.
„Пријавевениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода, а со малолетничката, по извршен медицински преглед, извршен е разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски