72-годишна жена го пријавила синот дека ја тепал, тој ја пријавил дека го малтретирала внукот

Ноќеска во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.С.(43) од Велес.
Од МВР информираат дека 43-годишниот С.С. бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 72-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот домот.
Претходно, С.С. пријавил дека неговата мајка извесен период вршела насилство врз неговиот малолетен син, а на 16.06.2026 и физички го нападнала.
Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.






