74 годишен Велешанец застрелан во кругот на болницата.

 

Во СВР Велес вчера попладне околу 14.30 часот било пријавено дека во кругот на Општа болница Велес било пронајдено тело на починат 74-годишен маж.

Лекар од болницата констатирал смрт со прострелна рана од огнено оружје, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Увид на местото изврши екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – појасни Самарџиев.

Back to top button
Close