КРИВИЧНИОТ СУД ГИ ОСЛОБОДИ ЛАТАС И ЛАЗАРОВ ЗА ПОДКАСТОТ ВО КОЈ СЕ ИСМЕВАШЕ СИЛУВАЊЕ
Граѓанските организации за заштита на човековите права остро го осудија интервјуто емитувано на 14 февруари 2023 на јутјуб-каналот на Лазаров како поттикнување на кривичното дело Родово базирано насилство и ги повикаа компаниите што се рекламираат во подкастот на Лазаров да ги повлечат рекламите поради содржините во кои се одобрува и се повикува на насилство. (Фото: Принтскрин од видео на Јутјуб)
Од Судот за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека во повтореното судење, судијката Дијана Груевска-Илиевска донела ослободителна пресуда. Двајцата се ослободени согласно член 403, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка. Според наведениот член, делото за кое се обвинети не е кривично дело.
Обвинителот Даниел Коцев ќе поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје.
Повеќе на сдк.мк






