ВМРО ДПМНЕ- ДКСК демантираше дека фирмата Сити аутсорсинг е поврзана со Томовски и неговиот татко

СДС и кажувањата на раководството предводено од Венко Филипче се демантирани секој ден. И тоа демантирани се од релевантни изјави, релевантни институции. Но, на СДС како да не им се слуша, и секој ден оттаму повторуваат само лаги, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Конкретно, Државната комисија за борба против корупцијата ги демантираше нивните лаги што се однесуваат на Ивица Томовски. Антикорупциската комисија не утврди судир на интереси кај директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Томовски со фирмата Сити аутсорсинг. СДС тврдеше дека е на неговиот татко и дека добила 161 тендер од различни државни институции во вкупна вредност од 5,3 милиони евра.

Но, и оваа лага падна во вода.

Back to top button
Close