80-годишна жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Според МВР, вчера во 11:15 часот било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје. Истиот ден, околу 10:45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Вуковарска“ и „Емин Дураку“, жената била удрена од запрежна кола, управувана од засега непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото на настанот.

На повредената и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close