Изградбата е поделена во две делници: Длабочица – Чатал со должина од 15,5 километри и ширина од 12,5 метри, и Крива Паланка – Длабочица со должина од 10 км и ширина на коловозот од 11,4 метри.
Со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка. Вложувајќи во нова патна инфраструктура, се овозможува побрзо патно поврзување на државата, што ќе донесе многу придобивки како што е поврзувањето на Северна Македонија со пристаништата во Варна на исток и Драч на запад.

Во овој регион се инвестира и во изградба на железницата од коридорот север-ј уг, што е дополнително подобрување во поврзувањето на Северна Македонија со Европа. Со новите и модерни патишта, Северна Македонија ќе биде привлечна за нови странски инвеститори, а со тоа ќе се отворат и нови работни места.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при увидот во активностите на изградбата порача дека не постои економски силна држава без силни градови и региони.

„Ние којшто сме тука од овој крај, најдобро знаеме колку беше запоставен североистокот, но и колку секојдневно се боревме во овие години, да токму се развива североистокот, да има градежна експанзија како денес и тоа што недостигаше во минатото, да се надомести во овие години. Колку што се радуваме и очекуваме што побргу овој проект да заврши, токлу се чудам зошто, на крајот, пред самото завршување со реализацијата на овој капитален проект од над 100 милиони евра, како дел од Коридорот 8, се наидува на една блокада од Собранието, односно од комисијата за финасирање и не се дозволува да истиот се заврши“, потенцира Николовски.

Министерот токму од тука ја прати пораката до сите пратеници, да се издигнат, и дека ова не е нечиј личен интерес.
–Ова не е партиски или политички интерес, овој проект е интерес на граѓаните, на североистокот и веднаш треба да се донесе законот со кој се овозможуваат 14 милиони евра, грант за финализирање на овој проект. Верувам дека разумот ќе надвладее и дека оваа 2024 година граѓаните ќе го користат овој пат“, изјави тој.
Николовски ги наброја и останатите крупни проекти во североистокот за кој како што кажа, доживува инфраструктурна револуција.
-Покрај изградбата на експресниот
пат Ранковце – Крива Паланка се врши реконструкција на постојниот магистрален пат Куманово-Страцин, потоа проширувањето на патот кон Деве Баир, реконструкција и иградбата на нови патишта кон руралните средини од овој крај. Како и реализација на многу други, бројни инвестиции, вложувајќи во реконструкција на училиштата, детските градинки, болници, изградба на домови за стари лица, водоводи, плоштади и спортски терени, посочи Николовски.

– Периодот кој ќе следи нема застанување. Развојот на североистокот продолжува, проектите за кои се работеше проектирање и подготовка на техничка документација, веќе се зрели и спремни за инвестирање, како рехабилитација на државниот пат А2 – обиколницата во Крива Паланка и рехабилитација на државвни и локални патишта кон селата Мождивњак, Кошари и Дурачка Река. Потоа во подготовка се и студиите за брана на реката Киселичка, уште еден крупен проект за североистокот, потоа браната Вакуф и изградбата на ски ресорт на Царев Врв, додаде тој.

Она што може да се види од податоците на веб страната на Собрание, комисијата за финансирање и буџет заседавала на 06.03.2024г, значи истата непречено функционира но од неразбирливи причини не се става точката на дневен ред, поврзана со завршување на овој значаен проект.

Ако ВМРО-ДПМНЕ, исплашена од бројките од реалните анкети за рејтингот што го има во овој регион, посебно во Крива Паланка, смислено го кочи финишот на овој проект, тогаш тоа во најмала рака е некоректен и неискрен однос кон својот народ.

Граѓаните со душа и срце чекаат да го видат светлото на денот со завршување на овој толку многу важен проект за сите нив и некој кој утре ќе бара нивна поддршка, сега да го кочи преку своите пратеници во комисијата за финансирање и буџет, тоа е неразбирливо. Но, можеби во ВМРО-ДПМНЕ мислат дека граѓаните се со кратко паметење па ќе заборават дека токму оваа влада до овој момент реализира близу 90% од овој проект, а за целосна реализација остануваат 10-тина проценти кои се кочат од токму од претставниците на опозицијата во Собранието.