91- годишен охриѓанец измамен за сума од 3.000 евра

На 24.04.2023 во 13.40 часот во СВР Охрид, 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.

Според пријавеното, околу 11.30 часот на бул.„Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја. Како што е пријавено, тој ги земал парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Back to top button
Close