96 вакцинирани граѓани се заразиле со корона, 13 биле во болница, ниеден не починал

Деведесет и шест граѓани се заразиле со ковид-19 откако примиле две дози вакцина, соопшти денеска Министерството за здравство додавајќи дека вкупно 330.320 граѓани во земјава се вакцинирани со две дози.
00

„Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Од 96 позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со ковид, кој има примено две дози вакцина“, соопшти Министерството.

Back to top button
Close