Борусија ја победи Херта и ги задржа теоретските шанси за шампионскиот трофеј

Борусија Дортмунд вечерва ја совлада Херта со 1:0 во натпреварот од 30. коло од Бундеслигата.

Стрелец на единствениот гол беше Емре Џан во 58. минута.

Со новите три бода, Борусија е втора со 63, односно седум бодови помалку од лидерот Баерн Минхен.

Херта со 38 бода е деветта.

До крајот на Германскиот фудбалски шампионат на водечките шест екипи им остануваат уште четири кола, односно секој клубво може да освои максимум 12 бода.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close