Димитриев од Демир Капија е пионерски државен првак во кајак на дива вода-слалом

Демиркапиецот Никола Димитриев освои прво место на пионерското државно првенство во кајак на дива вода-слалом кое се одржа во Велес, информираа вечерва од кајакарскиот кану клуб „Просек“ од Демир Капија.

Прво и второ место освоија нашите членови Никола Димитриев и Давид Ристовски во поединечна конкуренција во категорија К-1. Екипно се пласиравме на второ место. Панче Илиевски, Никола Димитриев и Давид Ристовски со тимско возење освоија трето место, за МИА појасни Дарко Илиевски, тренер во клубот.

 

Тој рече дека е горд на тимот кајакари од  Демир Капија кои вежбаат на реката Вардар и токму за таму го најави јуниорското првенство за следната недела. Повторно очекуваат медали. Потсети дека кајакарењето има долгогодишна традиција од околу половина век крај Демиркаписката клисура.

Back to top button
Close