Новинарката Кети Гетева нова портпаролка на Филипче

Новинарката Катерина Гетева која работеше во телевизија Алфа ќе биде новата портпаролка на министерот за здравство, Венко Филипче, дознава неофицијално Фокус.

Засега ниту Гетева, ниту од Министерството за здравство не ја потврдуваат, ниту пак ја демантираат информацијата. Единствено ни соопштија дека утре ќе има официјално соопштение од Министерството за здравство.

Гетева претходно работеше во згаснатата А1 телевизија.

Освен Гетева и други новинари од телевизиите се на портпаролски места во министерствата, Гоце Андреевски од утринската програма на Телма и Александар Видиновски

Дополнето:

Новинарката Гетева ангажирана во МЗ како одговорна на Секторот за односи со јавноста, потврди МЗ

Back to top button
Close