Шестмина од машката ракометна репрезентација се заразени со ковид-19

????????????????????????????????????

Во пресрет на квалификациите за пласман на Европското првенство 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, Ракометна федерација спроведе тестирање на сениорската машка ракометна репрезентација, при што позитивни тестови имаат тројца од стручниот штаб и тројца играчи

Шестмина од машката ракометна репрезентација на С Македонија се позитивни на ковид-19, од кои тројца играчи и тројца тренери.

„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на Европското првенство 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија. пред започнување на собирот, спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на ковид-19, при што позитивни тестови имаат тројца од стручниот штаб и тројца играчи“,

соопшти Ракометната федерација.

Од тренерите позитивни на коронавирусот се:

-Александар Царчев – тренер на голмани,

– Никола Матлиески – помошник тренер

– Радослав Стојановиќ – помошник тренер.

Од играчите:

-Марио Танкоски,

-Мартин Велковски

– Мартин Поповски.

Контактите, како што јави МИА, се изолирани, а ракометарите и членовите на стручниот тим кои се позитивни немале контакт со другите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања.

Back to top button
Close