Јанков, Тодоровски и Чурлинов остануваат во У-21, Дориев се приклучува на А-репрезентацијата

Иако, вчеравечер беше соопштено дека тројцата од младинската селекција ќе бидат на располагање на селекторот на сениорите Игор Ангеловски, за средбите со Естонија и Ерменија, сепак коронавирусот ги смени плановите.

-Поради позитивни тестови на Ковид-19 во македонската репрезентација до 21 година, тројцата репрезентативци, Чурлинов, Тодоровски и Јанков остануваат во МКД-21. Љупчо Дориев ќе биде во составот на А-репрезентација, информира портпаролот на репрезентацијата, Златко Андоновски.

Македонската репрезентација која во четвртокот обезбеди пласман на Европското првенство 2020, утре во Ц-сегментот Група-2 од Лигата на нации, ќе ја пречека Естонија, а три дена подоцна (18 ноември) ќе и гостува на Ерменија.

Back to top button
Close