Најдоцна до 17 декември институциите и здруженијата до Собранието може да достават предлози за одбележување настани и личности во 2021

Најдоцна до 17 декември државните органи и институции, научни институции, здруженија на граѓани и други субјекти ќе можат до собраниската Комисија за култура да достават предлози за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2021 година.

Од овид предлози ќе биде изработена Предлог програма за одблежување на значајни настани и истакнати личности за 2021 година, која треба да биде изгласана на пленарна седница.

Собраниската Комисија за култура на денешната седница формираше работна група која со допис ќе се обрати до државните органи и институции, научни институции, здруженија на граѓани и други субјекти од кои ќе побара најдоцна до 17 декември да достават предлози.

Пратениците сметаат дека листата на институции до кои треба да се достави барање треба да се зголеми и исто така дека работната група составена од неколкумина пратеници членови на Комисијата треба да бидат проактивни бидејќи во последните неколку години институциите и здруженијата се помалку предлози за одбележување доставувале до нив.

Back to top button
Close