Малески: Ќе дојде време кога Бугарија ќе ѝ се извини на Македонија за сојузот со Хитлер и злоделата направени врз нашите граѓани. Како се прави тоа ни покажаа политичари од Западна Европа.

Овие зборови на Абрахам Линколн ја отсликуваат дилемата на политичарот соочен со судбински одлуки. Ја отсликуваат и дилемата на Зоран Заев соочен со македонско-бугарскиот проблем. Едно заспано општество, чија интелигенција никако да разбере дека за да се обезбеди нов европски континуитет на македонската нација и држава потребен е прекин со определени пракси и поведенија, беше шокирано од зборовите на Заев кои го потресоа децениското статус кво.
Во интервјуто довчерашниот крвник, Бугарија, Заев ја прогласи за наш најголем пријател. Не знам дали ваквиот став е последица на сеќавањата од младоста кога се дружел со комшиите од Бугарија на меѓуграничните средби или од дружењето со политичарите од Западна Европа денес, но Заев е во право, зашто од аспект на меѓународната политика, Бугарија има потенцијал да стане наш (нај)важен стратешки партнер на Балканот. Згора на тоа, една мала земја како нашава и нема избор во Европа без граници освен да се отвора кон соседите. Оттаму, добро би било нашата интелигенција да се подготви за новата соработка, но и натпревар кој ја чека ако сака, во допир со поголемата бугарска култура, да го одбрани нашиот јазик и нашата посебност. Алтернативата да лежиме во ладовина и да останеме последната „конзерва“ на Балканот не постои. Европските и светските процеси се такви што насила ќе нѐ отворат.
Југословенската приказна, која ја сакав и за која се залагав да продолжи во некаков сојуз на суверени држави, заврши. Заврши на еден бестијален начин кога федерацијата на рамноправни народи беше растргната од нацонализми настрвени да ги израмнат ненаплатените сметки од историјата. Да, од историјата.
Разумните зборови на Глигоров да се редефинираат односите меѓу народите беа заглушени од хистеријата на националистите кои бараа насилно уривање на федерацијата. Иако веќе ја нема, од таа југословенска приказна се роди македонската држава. После столетно колебање дали постои или не постои македонската нација, беше прогласено нејзиното раѓање од страна на македонските и југословенските комунисти. Тогаш почнува нашата најнова историја и од неа нема да се откажеме зашто тоа би значело да се откажеме од себеси и да предизвикаме повторно посегање на околните држави по нашата земја и нашите души. За друго треба да бидеме спремни да разговараме и во светлината на новите факти да го менуваме мислењето. Таков ревизионизам на историјата кој почива врз нови факти, нови откритија и нови докази ѝ е потребен на секоја демократска земја која сака да живее во вистина. Потребен ѝ е и на Македонија чија историографија мора да се усогласи со светскиот и европскиот наратив за македонската нација.
…
Колумната во целост прочитајте ја на „Плусинфо“.






