Ракометна Супер лига: Струга подобра од Голден Арт

Струга славеше вечерва во 11. коло во македонската ракометна Супер лига над директниот конкурент за пласман во плејофот Голден Арт КЛ7 со 28:23.

Охрид ја искористи предноста на домашниот терен и славеше над Тинекс Пролет со 24:19, Еурофарм Пелистер 2 немаше проблем во Битола против Младост и триумфираше со 36:23, додека без победник (19:19) заврши дуелот меѓу Атраион Струмица и Јуниор Кисела Вода.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close