ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Бучковски во Македонија се случија многу криминали, но ниту една разврска
Заев одби единство во разговорите, за да сега со осудениот криминалец Бучкоски ја продаваат Македонија
„Тандемот лепливи прсти“ Заев – Бучковски кој ја раскрчми Македонија сега ќе решава за македонскиот јазик, идентитет и историја.
Бучковски на јавноста и е познат како премиер кој својата политичка кариера ја заврши со политички договор за разрешница на аферата за тенковски делови.
Бучковски Македонија го памети по продажбата на ЕСМ, милионите од Телеком и аферата „Бачило“.
Во време на Бучковски во Македонија се случија многу криминали, но ниту една разврска.
Заев е човекот кој беше фатен со поткуп, вмешан е во Рекет 1 и 2, сели тендери за марихуана, и по струмичките камиони кои вртат во РЕК.
Заев бира луѓе слични на себе. Затоа Бучковски ќе преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, затоа што исто како Заев се пазари и продава, но за жал евтино, а овој пат на продажба им е Македонија.
Да не дозволиме да ја продадат државата! Излези на улица додека не е предоцна!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ