Во Србија со коронавирусот се заразени скоро 4.500 ученици и 126 деца во градинките

Српскиот министер за образование, Бранко Ружиќ изјави дека 126 деца во предучилишни установи, 2.321 ученик во основни училишта и 2.151 средношколци се заразени со коронавирусот.

Во синоќешното гостување во емисијата „Прашалник“ на Радиотелевизија Србија (РТС), Ружиќ изјави дека 1.357 вработени биле заразени во предучилишни установи, 2.882 во основните училишта, а во средни училишта има 1.164 заразени работници.

– Нема причина да се крева паника и да се предизвикува психоза со приказни дека се заразени десетици илјади ученици и вработени, нагласи Ружиќ.

Говорејќи за преминот кон онлајн настава, тој рече дека транзицијата е „прилично добра“.

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се потребни 10 до 15 дена постојана примена на пропишаните мерки за стабилизирање на епидемиолошката состојба.

Back to top button
Close