САД ги намалија визите за членовите на Комунистичката партија на Кина од 10 години на еден месец

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе ограничувања на патувањето во САД на членовите на Комунистичката партија на Кина и членовите на нивните семејства, соопшти Стејт департментот.

Ограничувањето се однесува на визите Б1/Б2 за членовите на Комунистичката партија и членовите на нивните семјества од десет години на еден месец.

– Оваа мерка има за цел да ја заштити американската нација од малигното влијание на партијата, која се обидува да влијае врз граѓаните на САД по пат на пропаганда, економска принуда и други подли активности, наведува Стејт департмент.

Односите помеѓу САД и Кина изминатите години значително се влошени поради разни спорови, од трговски и технолошки проблеми, ситуацијата во Хонг Конг, како и поради пандемијата со Ковид-19.

Back to top button
Close