Публиката се враќа во Премиерлига со забрана за гласно навивање

Навивачите во Премиерлигата, по речиси десетмесечна пауза, викендов конечно ќе се вратат на фудбалските стадиони, во намален број и со стриктно почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Дозвола од Премиерлигата да ги отворат вратите на своите стадиони за ограничен број на навивачи, до максимум 2.000, добија десет премиерлигаши.

Согласно рестриктивниот протокол, навивачите ќе мораат да носат заштитна маска на лицето, да одржуваат социјална оддалеченост на трибините и да се воздржат од гласно скандирање и пеење навивачки песни.

Првиот натпревар во Премиерлигата, кој за прв пат од март годинава ќе се игра во присуство на публика, ќе биде мечот во Лондон меѓу Вест Хем и Манчестер јунајтед, во сабота од 17:30 часот.

Back to top button
Close