Пиоли: Како може да не се смета Јувентус за фаворит по девет последователни трофеи
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е изненаден од некои прогнози дека Јувентус оваа сезона нема шанси за титулата.
– Уверен сум дека Интер, Јувентус и Наполи ќе продолжат да се борат за шампионската титула до самиот крај. Како може да не го сметате Јувентус за фаворит по освоени девет шампионати по ред? – ги цитира зборовите на Пиоли „Фудбал Италија“.
Милан е лидер во Серија А со 26 бода по 10 кола, Јувентус е на 4. место со 20 бода.