Ердоган: Турција нема да се потчини на заканите во спорот со Грција и Кипар
Турција нема да се потчини на заканите во спорот со Грција и Кипар поради морските права во источниот дел на Медитеранот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Тој, исто така, рече дека Турција сака преговори околу спротивставените тврдења за континенталниот појас и правото на потенцијални енергетски ресурси.
– Кога станува збор за прашањето на источниот Медитеран, нашата земја никогаш не се залага за тензии, туку за мир, соработка, правичност и спроведување правда. Патот до ова води преку преговори засновани на взаемно почитување, истакна Ердоган.
Меѓутоа, Турција нема да дозволи „пиратски менталитет“ кој го покажуваат други земји, со цел да ја ограничат на тесен крајбрежен појас.
– Нема да им се покориме на заканите и уцените… Нема да дозволиме империјалистички експансионизам, нагласи Ердоган.
Лидерите на Европската унија треба да проценат дали има основа за воведување санкции против Турција. Тие ќе одлучат в четврток дали ќе ја исполнат својата закана за воведување санкции откако Турција испрати истражувачки брод во територијалните води на Грција