Салах среќен што стана најдобар стрелец на Ливерпул во Лигата на шампионите

 Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, од синоќа е најдобар стрелец на клубот во Лигата на шампионите.

– Да се ​​стане најдобар стрелец на клубот во Лигата на шампионите е одлично чувство, јас сум горд на ова достигнување. Среќен сум. Треба да продолжиме, да постигнуваме што е можно повеќе голови и да бидеме подобри во однос на другите, изјави Салах.

Тој со голот на натпреварот од 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Митјиланд (1:1) стигна до 22 погодоци за Ливерпул во елитното натпреварување.

Египќанецот на листата на стрелците го помина поранешниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард кој застана на 21 гол.

Back to top button
Close