Пиоли: Пеналот во првиот меч се покажа како пресуден

– Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, беше разочаран од начинот на кој неговиот тим испадна од Купот на Италија.

Вчеравечер „росонерите“ одиграа 0:0 против Јувентус на стадионот „Алијанц“, но беа елиминирани поради ремито 1-1 на првиот натпревар во Милано и гол на туѓ терен во корист на „бјанконерите“.

– Разочаран сум што испаднавме на овој начин. Пеналот за Јуве во првиот меч се покажа како пресуден. Денес (вчера) ја почувствувавме напнатоста од пресингот и играта на противникот. Направивме наивен пенал и црвен картон, но после тоа одигравме доста добро и дури имавме две или три шанси да постигнеме гол. Ако влегоа … Штета е што сме елиминирани, затоа што Купот беше нашата главна цел. Сега треба да се квалификуваме за Европа преку Серија „А“, рече Пиоли по синоќешниот меч.

Back to top button
Close