Солскјер го поддржа Билиќ: Уверен сум дека брзо ќе се врати

Тренерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер
-Жалам што Билиќ ја загуби работата. Направи голема работа со тоа што избори промоција. Го познавам со години и уверен сум дека ќе се врати брзо, рече Солскјер, одговарајќи на новинарско прашање за смената на Билиќ.
Како најсериозен кандидат за наследник на Билиќ во британските медиуми се споменува името на Сем Алардајс, кого Хрватот пред пет години го наследи на клупата на Вест Хем.






