За Јотова проблемите на Софија со Скопје се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство

Проблемите на Бугарија со Северна Македонија денес се резултат на немањето национална политика за Бугарите во странство, објави на Фејсбук бугарската потпретседателка Илијана Јотова.

– Нашите проблеми со Република Северна Македонија денес се резултат и на немањето национална политика за нашите сонародници во странство. Односите ни се сведоа на издавање бугарските пасоши таму, без зголемување на влијанието на Бугарија, дури и по потпишувањето на Договорот за добрососедство, оцени Јотова.

Според Јотова, која е членка на опозициската Бугарска социјалиситчка партија (БСП), Бугарија не воспоставила никакво лоби меѓу нејзините европски партнери во одбрана на „издржаната и едногласна бугарска позиција“.

– Немаме лоби во научните славистички кругови. Не ги обновивме и не отворивме нови лекторати на бугарски јазик, за разлика од постојните македонски, додава Јотова во објавата.

Back to top button
Close