Вакцината Спутник V регистрирана во Белорусија

Руската вакцина против коронвирус Спутник V е регистрирана во Белорусија, изјави денеска првиот човек на рускиот Фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Тој рече дека Белорусија со тоа стана првата странска држава што официјално ја регистрираше вакцината Спутник V, пренесува ТАСС.

Димитриев најави дека производството на вакцина Спутник V ќе започне и во Белорусија.

Рускиот центар Гамалеј, АстраЗенека, Рускиот инвестициски фонд и Р-Фарм потпишаа меморандум за соработка во борбата против коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close