Швајцарија воведе карантин за сите кои пристигнуваат од Британија и ЈАР
Швајцарија воведе 10-дневен карантин за сите оние кои пристигнале од Велика Британија и Јужна Африка од 14 декември, во обид да го спречи ширењето на новиот коронавирус. Таа држава ги прекина воздушните врски со тие земји.
Од 21 декември, „Федералниот совет воведе и општа забрана за влез на територијата на државата на сите странски државјани кои пристигнуваат од Велика Британија и Јужна Африка. Туристичкото патување од двете земји е забрането”, се додава во соопштението.
Федералната канцеларија за цивилно воздухопловство вчера објави дека ги прекинува воздушните врски меѓу Швајцарија и двете земји