На ГП Табановце до 15 часот влегле над 2.200 граѓани

Од полноќ до 15 часот на Граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, информираше денеска МВР. Во овој период, пак, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјанин. Вкупно на ГП Табаноце поминале 2.608 лица, од нив 1.763 домашни и 845 странски државјани.

Од денеска за влез во соседна Србија задолжителен е негативен ПЦР тест, не постар од 24 часа, освен за транзитните патници, кои мора за 12 часа да излезат од Србија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close