Од Британија до Њујорк со авион само со негативен корона-тест
„Бритиш ервејс“ се согласи да дозволи само патниците кои се негативни за новиот коронавирус да користат летови до меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди, изјави денеска гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, откако во Велика Британија беше откриен нов вид на вирусот Ковид-19.
Куомо исто така рече дека побарал од Делта ерлајнс и Вирџин Атлантик да ги прегледаат патниците на летовите до аеродромот Кенеди, под услов патниците да се согласат на тоа.
– Ако не се согласат на преглед, државата Њујорк ќе бара други опции, рече Куомо