Угостителски објект во Кочани работел по дозволеното време, кривична пријава против одговорното лице

При контрола од страна на полициски службеници од ОВР Кочани било констатирано дека еден угостителски објект не го почитувал работно време, односно во угостителски објект на улица „Димитар Влахов“ во Кочани во 18:35 часот биле затекнати неколку гости.

Контролата, како што соопшти МВР, била спроведена вчера во периодот од 17 до 21 часот на 30 угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

– По консултација со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, наведуваат од МВР.

Back to top button
Close