САД ги укинуваат визите за кинеските функционери осомничени за кршење на човековите права
САД денеска објавија нова листа накинески функционери на кои нема да им се издаваат визи за влез во земјата, а новата забрана се однесува на сите кои се осомничени за кршење на човековите права.
– Новите рестрикции се однесуваат на сите официјални лица на Комунистичката партија на Кина кои се вклучени во такви репресивни активности, без оглед каде и да се наоѓаат, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Исто така и на членовите на семејствата, на кинеските претставници за кои се воведени санкции, нема да можат да добијат визи за влез во САД.
Вашингтон изминатите месеци ги интензивира рестрикциите за визи за кинеските функционери и студенти.
Стејт департментот ги укина визите за повеќе од илјада кинески студенти и истражувачи осомничени за шпионажа и им забрани влез во САД на кинеските владини претставници кои се вмешани во кршење на човековите права на муслиманите Ујгури и репресијата во Хонг Конг.
Исто така Стејт департментот драстично го ограничи влезот за членовите на Комунистичката партија на Кина.