Најмалку петмина загинати во бомбашки напад во Кабул

Најмалку пет лица, вклучително и четворица лекари, загинаа денеска во експлозија на бомба, поставена покрај пат во Кабул.

Не е познато дали лекарите, вработени во затворот Пула Чарки во Кабул, биле цел на нападот, соопшти авганистанската полиција.

Идентитетот на петтата жртва е непознат, а во нападот се повредени уште две лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Бомбашките напади во Авганистан стануваат се почести додека продолжуваат преговорите меѓу авганистанската Влада и Талибанците за прекин на огнот по 19 години.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close