Веран: Франција в недела почнува со имунизација против коронавирус

Француското медицинско регулаторно тело треба да ги одобри вакцините против Ковид-19 до 26 декември, откако тоа го стори Европската агенција за лекови (ЕМА) и веднаш потоа ќе почне вакцинацијата, потврди денеска министерот за здравство на Франција Оливие Веран. Тој рече дека земјата планира да ја започне својата програма за вакцинација в недела.

Веран повтори дека засега нема докази дека новата варијанта на коронавирусот, откриена во Велика Британија, е присутна во Франција.

Во понеделникот, ЕМА ја одобри употребата на вакцината против Ковид 19, произведена од Фајзер и Бајонтек, што овозможува вакцинирањето во ЕУ да започне во текот на следната недела.

Back to top button
Close