Нуредини: Во владина процедура е план за заштита на Преспанското езеро
Изработен е итен акциски план за заштита на Преспанското езеро кој е придружен и со финансиска конструкција. Планот е во владина процедура за усвојување, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој се надева дека активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат и на таков начин, како што рече, ќе се намалат антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации, но, и често од неодговорно однесување на човекот кон природата.
-Со исклучителен и студиозен напор експертската работна група пристапи кон изработка на итен акциски план со мерки и приоритетни активности поради намалувањето на нивото на водата во Преспанското Езеро. Пропратен со една финансиска конструкција за имплементација на краткорочните и среднорочните документи. Планот е во владина процедура за усвојување, а сите документи се достапни на јавноста на нашата веб страница на интернет, рече Нуредини на да денената прес-конференција на која ги презентираше активностите што Министерството ги презело вопрвите 100 дена од формирање на Владата.
Јавноста, додаде, е запознаена со долгогодишниот тренд на намалување на водата на Преспанското Езеро за што за жал веќе има и достигна алармантни размери. За спречување на ваквиот тренд, нагласи тој, потребна е и соработка и со Албанија и со Грција
-Централната и локалната власт заедно со експертите, надворешни експерти се занимава со ова прашање од почетокот на годината и тоа на национално и меѓународно ниво. Во првите 100 дена од новиот мандат јас остварив, имав и директни средби, а и телефонски разговори со ресорните министри, со високи претставници на Албанија и Грција со цел за започнување на работата на трилатералниот Преспа парк, комитети на работните групи. Но, она за што посебно сум благодарен и горд е тоа што работната група на експерти за спас на Преспанското Езеро со претставници од надлежните институции, од академијата и од невладиниот сектор ја заврши нашата домашна задача, нагласи Нуредини.
Јас искрено се надевам, потенцира министерот, дека имплементацијата ќе започне што е можно побрзо.
-Се надевам дека ќе успееме да ги намалиме антропогените притисоци врз оваа клучна жешка точка на биодиверзитетот која што ги трпи последиците од климатските промени од природните циклуси и осцилации, но и често од неодговорното однесување на човекот кон природата, истакна министерот за животна средина и проторно планирање.