Словачка и Чешка: Одредени ентитети шират неточни информации дека влијаеле на нашите одлуки за вето на заклучоците на ЕУ

Aмбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава, велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето.

„За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава“,

велат во изјавата словачкиот амбасадор и чешкиот заменик-амбасадор.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме изјавата на амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш:

„По минатонеделниот ангажман на Чешка и Словачка во изготвувањето на заклучоците на Советот во однос на проширувањето, би сакал, заедно со мојот колега заменик-амбасадорот на Чешката Република, господинот Лубомир Пшенка, да ја дадам следната изјава:

– Чешката Република и Словачка јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог-заклучоците на Советот. Тоа беше сторено преку заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка.

– За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ.

– Зборувајќи од име и на чешката и на словачката дипломатија, морам да го изјавам следново:

– Ниту чешката ниту словачката дипломатија не се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои би можеле да влијаат на процесот на донесување одлука во Прага и во Братислава.

– Ако постоеле такви напори, таквите активности не стигнале до релевантните актери, односно до лицата што носат одлуки во Чешка и во Словачка.

– Одлуките на министрите Петричек и Корчок беа донесени без какво било влијание од ентитет од Северна Македонија.“

Back to top button
Close