Притвор за лице од Гостивар поради силување
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С. (49) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
Тој, како што соопшти МВР, на 19 месецов во домот каде живеел во вонбрачна заедница, со употреба на сила извршил обљуба врз 34-годишна жена од Гостивар.
Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар му одредил мерка притвор и тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.